mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

„Солар импулс 2“ целосно го заобиколи светот

„Солар импулс 2“ целосно го заобиколи светот

Типографија

За повеќе од една година авионот на соларен погон „Солар импулс 2“ го заврши својот историски пат околу светот, слетувајќи во Абу Даби, со што стана прво летало што ја обиколи планетата без капка гориво. Авионот го започна својот лет околу светот на 9 март минатата година од Абу Даби, каде и слета рано изутронава, пречекан со аплауз и извици на одобрување.

Швајцарскиот истржувач и директор на проектот „Солар импулс 2“, Бертран Пикар го управуваше соларниот авион на последната етапа на летот што траеше 48 часа, од Каиро, преку Црвеното Море и саудиската пустина, до Абу Даби на брегот на Персискиот залив.

Авионот во текот на својот лет околу светот мина импресиовни 43.000 километри и прелета четири континенти, два океани и три мориња. Летот траеше ефективно 23 дена, при што не беше потрошена ниту капка гориво, туку авионот цело време леташе на соларен погон.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет