mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Повеќе од 25 илјади лица во Сомалија се болни од колера

Повеќе од 25 илјади лица во Сомалија се болни од колера

Типографија

Повеќе од 25 илјади лица во Сомалија се погодени од колера, односно акутна водена дијареја, а се очекува бројот на заболени двојно да се зголеми во следните месеци, до почетокот на летото.

Ова го соопштија од  Светската здравствена организација (СЗО).

-Стапката на смртност предизвикана од болести заради загадена вода или храна во Сомалија веќе изнесува 2,1 отсто, додека смртноста предизвикана од колера достигнува стапка од 14, 1 отсто во Средна Џуба и 5,1 отсто во Баколу - изјави портпаролот на ОН, Јенс Лерк.

Од почетокот на годината во земјата се пријавени околу 533 смртни случаи, поврзани со избувнување на епидемијата од колера.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет