Суд во северна Индија признал дека глечерите, езерата и шумите на Хималаите се правни лица што е статус кој ќе помогне подобро да се заштитат, што веќе е направено за две свети реки.
Оваа одлука има за цел подобро да се заштитат глечерите Ганготри и Јамунотри кои со вода ги снабдуваат двете најсвети реки во Индија, Ганг и Јамуну. На тие реки истиот суд во хималајската држава Утараханд им го даде истиот статус.
Признавањето на тој статус им овозможува на граѓаните на суд да ја застапуваат природата.
- Тие природни вредности сега ќе имаат исти права како и луѓето и било која повреда или штета која ќе им биде нанесена ќе се третира исто како кај луѓето - велат од судот.
Ова е особено важно за два глечера кои многу брзо се смалуваат.
Судотваков статус на правни лица им има дадено и на други природни делови на Хималаите како водопади, ливади, езера и шуми.