Повеќе од 25 илјади лица во Сомалија се погодени од колера, односно акутна водена дијареја, а се очекува бројот на заболени двојно да се зголеми во следните месеци, до почетокот на летото.
Ова го соопштија од Светската здравствена организација (СЗО).
-Стапката на смртност предизвикана од болести заради загадена вода или храна во Сомалија веќе изнесува 2,1 отсто, додека смртноста предизвикана од колера достигнува стапка од 14, 1 отсто во Средна Џуба и 5,1 отсто во Баколу - изјави портпаролот на ОН, Јенс Лерк.
Од почетокот на годината во земјата се пријавени околу 533 смртни случаи, поврзани со избувнување на епидемијата од колера.