Шест лица загинаа, а двајца се пријавени за исчезнати во северниот регион на Индија на Кашмир по обилните врнежи од дожд и снег што го зафатија регионот.
Снежните врнежи предизвикале повеќе лавини.
Во регионот Поонч хеликоптер на индиското воздухопловство успеал да ги извлече групата селани кои биле заробени на оддалечениот брег на реката.
Раџив Пандеј, виш началник на полицијата во Поонч вели дека 17 лица се евакуирани од областа.