Врховниот суд на Јужна Африка го отфрлил предлогот на владата да ја остави активна забраната за внатрешна трговија со рог од носорог.
Со одлуката на судот дозволено е целосно легално на локалниот пазар да се тргува со рогови од носорози.
Портпаролот на Министерството за екологија, Алби Модисе изјави дека властите се уште размислуваат за последиците од одлуката.
- Важно е да се напомене дека за да продавате или купувате рогови од носорози, се бара задолжително дозволи - нагласува тој во официјалното соопштение. Одгледувачите сметаат дека слободната трговија е единствениот начин да се запре бракониерското колење на носорози.
Одлуката ќе има мало влијание надвор од Јужна Африка, бидејќи забраната во меѓународната трговија се уште е во сила.
Јужна Африка е дом на околу 20 илјади носорози, или околу 80 отсто од популацијата на глобално ниво, а околу една третина од нив се во сопственост на приватни одгледувачи.
Овие одгледувачи инсистираат на задоволување на растечкото азиско пребарување на рогови од носорог. Тие велат дека легалните извори на рог ќе го сопрат убивањето од ловокрадците.
- Еднаш отсечени, роговите на носорозите растат повторно - велат одгледувачите.
Но повеќето еколози не се согласуваат со предложената политика.