Повеќе од 100.000 куќи во Австралијасе без струја, како последица на ураганот Деби.
Циклонот погоди подрачје од над 1.000 километри и нанесе голема штета, поради која десетици илјади Австралијци се заробени од поплавите на источниот брег од земјата. Урнати се многу мостови, уништени се и патишта. Шест големи реки го достигнаа нивото на поплави, а водостојот и натаму расте, соопшти австралиското Биро за метеорологија.
Веќе беше објавено дека две жени загинале, а властите стравуваат дека уште луѓе го имаат загубено животот заради постојаниот раст на водостојот на реките.
Во јужен Квинсленд најтешко е погодено подрачјето околу местото Лисмор, каде водената буица и кал со височина од три метри носеле се пред себе. Нивото на вода и натаму расте, а врнежите не се намалуваат. Квинсленд е во целосна блокада, затворени се повеќе од 2.000 училишта, а без електрична енергија се неколку десетици илјади лица.
Војската мобилизира стотици војници со хеликоптери да ги снабдат најзагрозените подрачја со вода за пиење, храна и останати потребни производи.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS