Индонезиските власти соопштија дека утринава најмалку 27 лица останале затрупани под свлечиште што било придвижено по обилните дождови во областа Понорого, на островот Јава, а локалната полиција, повикувајќи се на сведочења на селаните, објави дека исчезнале најмалку 38 лица, пренесоа американските медиуми.
Според наводи на владината Агенција за ублажување на последиците од природни катастрофи, свлечиштето затрупало околу 30 куќи и земјоделци кои ја изведувале сеидбата на ѓумбир во подножјето на рид кај селото Банаран.
Спасувачки екипи, полицајци и војници трагаат по исчезнтите.
Поплавите се честа појава во текот на сезоната на монсунски дождови во Индонезија, во која голем дел од вкупно 256 милиони жители живеат во планинските подрачја и во близина на реките.
Најмалку 27 лица останаа затрупани под свлечиште во Индонезија
Типографија
- Font Size
- Default
- Режим читање