Меѓународниот комитет на Црвениот крст предупреди дека се останати сами три или четири месеци за да се спречи масовна појава на глад во Јемен и во Сомалија.
Двете држави се погодени од конфликти и суша, а повеќе од 20 милиони луѓе во Јемен, Сомалија, Јужен Судан и на североисток во Нигерија се на раб на глад. МКЦК за потребите во овие земји бара 300 милиони долари.
- Веројатно имаме период од три или четири месеци да избегнеме најлошо можно сценарио - изјави директорот на МКЦК, Доминик Стилхарт.