mksqen
15
Нед, Јун
0 Нови / 7 дена

Земјотрес го погоди островот Бали

Земјотрес го погоди островот Бали

Типографија

Земјотрес го погоди индонезискиот остров Бали, предизвикувајќи паника меѓи жителите и туристите, но засега нема информации за евентаулни жртви или за причинета материјална штета.

Земјотресот бил со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на два километри североисточно од Банџар Пасекан, град во југоисточниот дел на островот и на длабочина од 118 километри.

Според очевидци мнозинството локални жители и туристи побегнале од домовите и хотелите кон повисоки места, но ситуацијата е нормализирана, откако тие добиле известување дека земјотресот нема потенцијал да предизивка цунами.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет