mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Европската побарувачка за соларна енергија е намалена за 21 отсто во 2016 година

Европската побарувачка за соларна енергија е намалена за 21 отсто во 2016 година

Типографија

Европската побарувачка за соларна енергија е намалена за повеќе од 21 отсто во 2016 година.

Овие податоци се од истражување на пазарот спроведено од страна на SolarPower Европа. Во исто време, бројот на соларни инсталации е зголемен за околу 50 отсто и е стигнат до рекорден број од 76,2 гигавати.

  • Европската соларна индустрија е подготвена да преземе поголем дел од глобалниот пазар, но треба да се стимулира растот на соларната и чиста технологија која пак влијае на растот на соларни работни места - вели Џејмс Вотсон, извршен директор на SolarPower Европа.

Здружението организираше Самитот SolarPower во Брисел каде 300 соларни индустрии и политички лидери се состанаа за да разговараат за потребите на соларната индустрија во Европа  која треба да биде лидер во оваа област. На самитот се сметало дека предлог на Европската комисија за пакетот „чиста енергија за сите Европејци“ е добра почетна точка. Сепак, SolarPower Европа смета дека целта за најмалку 35 отсто обновливи извори до 2030 година е адекватен на ЕУ, наместо предложените 27 отсто.

Соларните цени во Европа достигнаа невидено ниско ниво и продолжуваат да се намалуваат.

Додека европските побарувачката е падната, годишното глобално соларно производство е значително зголемено.

Количината соларна енергија во светот е зголемена за околу 50 отсто за само една година, а главната причина е раст на сончевата енергија во САД и Кина.

Во моментот во светот има вкупно 305 гигавати соларна енергија во споредба со околу 50 гигавати во 2010 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет