mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Во Сомалија во последните 48 часа од глад починале 110 лица

Во Сомалија во последните 48 часа од глад починале 110 лица

Типографија

Сомалискиот премиер Хасан Али Каир денеска изјави дека само во последните 48 часа, во регионот Беј, на југозапад од земјата,од глад починале 110 лица.

Во земјата во повеќе области се загрозени милиони луѓе, пред се поради суша.

Американските медиуми наведуваат дека ова се првите смртни случаи предизвикани од суша, која во вторникот ја прогласи владата на Сомалија, кога воедно беше прогласена и национална катастрофа.

Обединетите нации проценија дека во овој дел на Африка пет милиони лица  имаат потреба од хуманитарна помош.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет