Новиот претседател на Сомалија, Мохамед Абдулахи Мохамед изјави дека на земјата и се заканува национална катастрофа, поради сушата од која се загрозени милиони луѓе и предизвикува страв од масовен глад.
Тој побара помош од меѓународната заедница, како и помош од дијаспората која брои околу два милиони лица.
Хуманитарната канцеларија на Обединети нации проценува дека е потребна помош за пет милиони луѓе во Сомалија, што е речиси половина од целокупното население на земјата.
На околу 363 илјади деца им е потребна итна помош и поддршка во исхраната, вклучително и 71 илјада деца кои се недохранети.