mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Вулканот Етна еруптира со фонтани од лава

Вулканот Етна еруптира со фонтани од лава

Типографија

Највисокиот и активен вулкан во Европа Етна почна да еруптира со фонтани од лава на неколку стотици метри во висина, а вулканската активност продолжила и денес.

Веста за вулканот е објавена од локалните италијански медиуми.

Вулканот, кој се наоѓа во Сицилија, може да се набљудува. Ерупцијата се случува во југоисточниот кратер и може да се набљудува од источното крајбрежје на Сицилија, од градовите Катанија, кој се наоѓа во подножјето на планината Етна, и Таормина, кој исто така е во близина.

Од Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија тврдат дека ерупцијата засега не ги загрозува жителите од околните населби.

Последната ерупција на Етна беше пред една година на 21 мај, а последната посилна активност во почетокот на оваа година, во јануари, кога некои локални училишта за кратко беа евакуирани.

Етна е еден од 16 вулкани во светот, дефинирани од ОН како „Вулканите на деценијата“, што значи дека тие се изучуваат особено внимателно поради зачестеноста на активноста и густината на населението во близина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет