Светската еколошка организација Гринпис ги предупреди јапонските власти дека е рано да планира да ги врати жителите во едно од евакуираните села после нуклеарната катастрофа во Фукушима во март 2011 година.
Претходно треба да се направи долгорочна проценка на зрачењето на кое би можеле да бидат изложени жителите.
Јапонската влада планира да го прогласи селото Итате дека е повторно подготвено за во него да се живее.
Итате е меѓу местата кои се релативно далеку од оштетената нуклеарна катастрофа, се наоѓа на 40 километри северозападно, но и тие места се контанимирани. Властите тоа го забележале покасно и евакуацијата почна дури на крајот на април 2011 година.
- Релативно високото ниво на зрачење во куќите и надвор од нив укажува на тоа дека е неприфатлив ризикот граѓаните повторно да се вратат таму - се наведува во соопштението од Гринпис која го мерела зрачењето во Итате, на патиштата, полињата и шумите.
Од организацијата сметаат дека деконтаминацијата била делумна и дека и натаму загадените зони се така распоредени да жителите што би се вратиле би требало да водат ненормален живот за да ги избегнат.