Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Колумбија, вклучително и главниот град Богота.
Засега нема информации за жртви и материјални штети.
Колумбиската геофизичка служба соопшти дека земјотресот се случил на пет километри југоисточно од општината Колумбија во департментот Хуила.
- До моментов нема податоци за штети, напиша на Твитер колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, повикувајќи се на податоците од Националната служба за управување со ризикот од катастрофи.