mksqen
06
Пет, Јун
0 Нови / 7 дена

Неверојатен студ во Катар, само 1,5 степени

Неверојатен студ во Катар, само 1,5 степени

Типографија

Во јужниот дел на Катар синоќа се измерани 1,5 степени Целзиусови, што е досега најниска регистрирана температура во земјата од кога се води ваква евиденција.

Оваа рекордно ниска темпертаура била измерана во местото Абу Самра во југозападниот дел на Катар.

Досегашната најниска регистрирана температура во Катар од 3,8 степени Целзусови била измерена во 1964 година. 

Катар е познат по исклучутелно високите температури кои во текот на летото достигнуваат и до 50 степени, а дури и во најстудените периоди од годината ретко се спуштаат по 10 степени.

Поради големите жештини, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) реши Светското фудбалско првенство во 2022 година, чиј домаќин е Катар, да се одржи во ноемеври, наместо во текот на летните месеци кога вообичанео се организраат Мундијалите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет