mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Кина затвора над 100 терени за голф за да штеди ресурси

Кина затвора над 100 терени за голф за да штеди ресурси

Типографија

Кинеските власти наредиле да се затворат повеќе од 100 терени за голф како дел од напорите да се справат со бесправната градба во овој сектор.

Пекинг уште во 2004 година забранил да се отвораат нови игралишта за голф за да се заштити обработливото земјиште и водните ресурси што ги имало се помалку, но и покрај тоа продолжиле да се развиваат нови проекти како што растела побарувачката меѓу кинеските богаташи.

Од вкупно 683 терени за голф во земјата, на 111 им е наредено да затворат, соопштила националната комисија за развој и реформи. Како причини се наведени незаконско користење обработливо земјиште, исцрпување на подземните води во забранети зони и градежни активности врз природни резервати.

Други 18 терени за голф добиле наредба да го вратат земјиштето што го запоседнале незаконски, а на 47 им е наредено да ги запрат градежните активности.

Терените за голф беа омилени места за одмор и на кинеските високи функционери, но по засилената борба против корупцијата во изминатите неколку години, овој спорт бил додаден на списокот на дисциплински прекршоци за членовите на Комунистичката партија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет