mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Научниците имале ретка можност да набљудуваат полов однос меѓу мајмун и елен (Видео)

Научниците имале ретка можност да набљудуваат полов однос меѓу мајмун и елен (Видео)

Типографија

Научниците во Јапонија успеале да снимат обид за парење меѓу два животински вида. Младиот мажјак јапонски макак се обидел да се спари со женка елен од видот сика.

Ова се случило на островот Јакушима уште во ноември 2015 година, за време на сезоната на парење на макаките, а деновиве за оваа појава била објавена студија во научното списание Примати. Според истражувачите од универзитетот во Стразбур, кои биле присутни на местото, мајмунот се обидел да има секс со еленот, што е било првпат да се види такво нешто меѓу овие два вида.

  • Мајмунот се качи на еленот и се движеше како да има полов однос, поточно направи околу 15 сексуални движења во период од 10 секунди, пред да слезе. Очигледно имало и ејакулација, зашто еленот потоа лижеше семена течност. Ова можеби укажува дека спермата е добар извор на протеини за еленот - вели Александар Бонфој, еден од авторите на студијата.

Научниците истакнуваат дека немало пенетрација бидејќи мајмунот бил привлечен од грбот на женката елен, не од нејзините гениталии, што се објаснува со различните големини и форми на двете животни. Тој прво се обидел да се качи на други две женки, но не успеал. Едно од веројатните објаснувања за ваквото однесување на мајмунот е што станувало збор за поединец што бил на ниско скалило во хиерархијата на неговата група, па поради тоа тешко доаѓал до женки од својот вид и затоа се обидел да се спари со друг вид.

Овие два вида живеат заедно во Јапонија. Елените обично ја јадат храната што мајмуните ја фрлаат од дрвата, па дури и нивниот измет. За макаките, пак, било познато дека ги чешаат елените, дури и ги јаваат, но на попријателски начин.

 

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет