Вулканот Ебеко што се наоѓа на северот од далекуисточниот Курилски остров, Парамушир, исфрли облак од пепел висок два километри, соопшти Камчатската група за реагирање при вулкански ерупции (КВЕРТ).
Поради активностите на вулканот прогласен е портокалов код за опасност за воздушниот сообраќај, се вели во соопштението на КВЕРТ.
Според стандардите на Меѓународната организација за граѓанско воздухопловство (ИКАО), портокаловиот код означува висока опасност и е само степен подолу од највисокиот - црвен код.
Вулканот Ебеко се наоѓа во северниот дел на островот Парамушир, на седум километри северозападно од градот Северокурилск.