mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Снежна бура предизвика хаос во Германија

Снежна бура предизвика хаос во Германија

Типографија

Снежната бура „Егон“ предизвика смрт на едно лице, илјадници луѓе останаа без струја, а од германските аеродроми се откажани стотици летови.

Бурата, која се движи од запад кон источниот дел на Германија и до крајот на денов треба да замине во Полска, предизвика прекин на неколку патни правци поради силниот ветер кој корне дрвја во повеќе региони на земјата. Голем број на улици во покраините Баварија и Туринген се блокирани од паднати дрвја или заглавени камиони и автобуси. Во прекин е и наставата во голем број градови поради неможноста учениците да се транпспортираат во училиштата. Во баварскиот град Кирхентумбаг училишен автобус бил турнат од ветрот во канал покрај патот, но ниеден ученик не е повреден.

Како резултат на лизгавиот коловоз предизвикан од бурата „Егон“ еден возач починал на автопатот седум на север од покраината Шлезвиг - Холштајн, објави германската полиција.

Само од аеродромите во Франкфурт, Лајпциг и Дрезден откажани се 250 лета, а на многу други аеродроми доцнењата се по неколку часа.

Во регионот Горна Франконија во покраината Баварија околу 6.600 домаќинства со часови се без електрична енергија.

Бурата „Егон“ предизвика блокада на скијачи во баварските Алпи каде што ветерот ги искинал електричните кабли и ски-лифтовите.

Германската метеоролошка служба ги предупредува граѓаните дека снежната наметка може да достигне висина од 30 сантиметри за неколку часа, поради што треба да се откажат сите патувања кои што не се неопходни.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет