Француските власти почнаа истрага против производителот на автомобили Рено за испуштањето на штетни гасови.
Рено е осомничен за „измама“ на резултатите од тестовите за штетни гасови кои ги испуштаат дизел моторите.
Акциите на Рено на Париската берза драстично опаднаа за четири проценти по информацијата за покренатата истрага.
Германската автомобилска индустрија Фолксваген постигна договор „тежок“ 4,3 милијарди долари со американски регулатори за решавање на проблемот со прекумерната емисија на издувни гасови од дизел мотори, а планира да се изјасни како - виновен.