Силен ветер, со бризина до 42 метри во секунда, предизвика многу штети во Шкотска и во северна Англија, блокирајќи важни автопатишта.
Ветерот соборуваше дрвја и ѕидови од тули и предизвика прекини во електроводите.
Славниот 2,5-километарски мост „Форт Роуд Бриџ“, што ја поврзува престолнината на Шкотска, Единбург, со североисточниот дел на британската провинција, е затворен за движење откако силниот ветар преврте товарен автомобил што се движеше по него.
Соборените дрвја блокираа многу патишта во западен Јоркшир.
Британската метеоролошка служба издаде предупредување за силен ветар и врнежи од снег во Шкотска, во северниот дел на Англија и во северна Ирска.