mksqen
22
Нед, Дек
0 Нови / 7 дена

Источна Европа под снег

Источна Европа под снег

Типографија

Источна Европа се уште е зафатена од снег и ниски температури, а властите го евакуираат заглавеното население, додека најзагрозени се бездомниците и мигрантите.


Невремето предизвика и прекин во снабдувањето со електрична енергија, а многумина ги откажаа патувањата.

Поради студениот бран досега во Европа починаа 66 лица, а во некои делови се забележани најниски температури во последните неколку децении.

Во Полска се пријавени уште два смртни случаи.

Во исто време, грчката морнарица испрати брод на островот Лезбос со цел да обезбеди засолниште за околу 500 бегалци и мигранти, кои се сместени во шатори на исклучително ниски температури.

Северните и источните делови на Бугарија се парализирани од снегот, а 117 градови и села се без електрична енергија. Затворен е главниот автопат што ја поврзува Софија со пристаништето Бургас. 

Во расчистувањето на патиштата и спасувањето на заглавените луѓе вклучена е бугарската армија.

Поради снегот блокирани се и патиштата во јужна Албанија, каде од студ починаа пет лица. Воени хеликоптери и службата за вонредни ситуации доставуваат помош до населението во планинските области, а воени и цивилни возила ги расчистуваат патиштата по најниски температури од 1985 година.

Студениот бран во Романија предизвика затворање на повеќе од 130 патишта, а голем број возови или се откажани или доцнат.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет