mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Кина успешно тестираше авион со погон на водородно гориво

Кина успешно тестираше авион со погон на водородно гориво

Типографија

Кинеските власти извршија успешен тест на авион со електромотор кој користи водородно гориво.

Се работи за заеднички проект на Кинеската академија на науки и Лијаониншкиот воздухопловен истражувачки институт. Тестирањето се одвивало во провинцијата Лијаонинг, што се наоѓа на североистокот од Кина.

Леталото се кренало 320 метри над земјата и прикажало одлични перформанси и стабилна работа на сите елементи, дури и при минус 20 Целзиусови степени. При тестирањата, не е забележано никакво штетно празнење во атмосферата, се наведува во извештаите.

Прототипот е изработен врз основа на кинескиот електричен авион RX1E, и е со моќност од 20 киловати. За време на полетувањето се користат и дополнителни акумулаторни батерии, кои потоа се гасат.

Со овој проект, Кина стана трета светска сила, по САД и Германија, која поседува таква технологија.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет