Во Полска поради студениот бран починаа уште 10 лица поради што бројот на жртви изнесува 33 во Европа.
Во Полска во некои области измерени се минус 20 степени што направи да биде најсмртоносен ден оваа зима.
Во студениот бран што ја зафати Европа починаа најмалку 33 луѓе, пред се мигранти и бездомници.
Снежна бура ја зафати и Турција, а Истанбул е блокиран поради снегот од 65 сантиметри. Голем број училишта се затворени, како и Босфор, поради слабата видливост. Откажани се над сто летови од истанбулскиот аеродром.
Во снежната бура што ги зафати САД од Мисисипи до Мејн настрадаа четири лица.