Во Франција се отвори еден километар пат покриен со соларни панели, кој што е финансиран со државни донации од пет милиони евра, но овој потфат не наиде на општа поддршка од аналитичарите и од поборниците на обновливите избори на енергија.
Тие ја доведуваат во прашање одржливоста на проектот и укажуваат дека стандардните накривени панели се многу поевтини и произведуваат многу повеќе струја.
Француската министерка за животна средина Сеголен Роајал го отвори новиот соларен пат и го претстави како пример за енергетска транзиција. Опремата се произведува во местото каде што се наоѓа патот, во малиот град Турувр-о-Перш, кој има 3.400 жители. Во светот и досега имало обиди да се постават панели на патиштата, за да може да се добива енергија без да се нарушува природата и пејсажот, но немало проект од волкави размери. Поставени се вкупно 2.800 квадратни метри панелни плочи.
Сицилиумските листови за генерирање струја се покриени со заштитна смола која овозможува по овој тип соларни патишта да можат да се движат сите типови возила, дури и тешки камиони, без да нанесат оштетувања. Освен тоа, смолата овозможува добар контакт на гумите со патот. Првично било замислено со еден километар ваков пат да се снабдуваат со струја околу 5.000 домаќинства, но еколошкиот сајт Репортер пренесува дека всушност реалните очекувања се дека тој ќе обезбеди енергија за само 50. Информациите околу количеството струја што ќе се произведе се различни.
Експертите и поборниците за обновливи извори на енергија не го поддржаа проектот едногласно, а пред се ги доведуваат во прашање цената и ефикасноста, односно економската одржливост.
- Без сомнение станува збор за технолошко достигнување, но за да се развијат обновливите извори има други приоритети, а не новитети за кои знаеме дека се скапи, а не сме целосно сигурни дали функционираат - вели Марк Једличја, потпретседател на Мрежата за енергетска транзиција КЛЕР.
Претседателот на Синдикатот за обновливи извори Жан-Луј Бал ја доведува во прашање одржливоста на проектот. Тој наведува дека за да се исполни планот на министерката под панели да се најдат 1.000 километри патишта, треба да се вложат пет милијарди евра, зашто цената по инсталиран ват максимален капацитет на овој пат чини 17 евра, на покривите 1,3 евра, а на земја 1 евро. Компанијата што ги произведува панелите смета дека до 2020 година може да ги намали трошоците а производство на ниво на стандардни соларни панели.
Поставувањето на соларниот пат следи по пет години истражувања и тестови.