mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Пет интересни факти за мразот и снегот

Пет интересни факти за мразот и снегот

Типографија

Дали снегулките навистина се бели и кој е „виновен” што ги цртаме токму така? Магазинот Национална географија открива некои не толку познати, но фасцинантни нешта за овој природен кристален феномен.

Радост за децата, мака за возачите или незаобиколен празничен пејзаж кој тие кои не ја сакаат зимата ги принудува да патуваат во потопли краишта. Кога првиот снег ќе го покрие брегот некој не може да замисли новогодишни лампиони без него, а некој пак би сакал да ја преспие до пролетта. Како и да е, снегот е следствена појава на зимата како годишно време. И додека многу пати сме читале за снежната покривка и феноменот наречен снегулки, овие пет нешта може сепак не сте ги знаеле.

1. Има повеќе видови на мраз. Мразот настанува при самиот допир на воздухот со земјата, при ниски температури, па се создава површински слој на тенок мраз во форма на кристали или капки. Покрај мразот на прозорците кои на сите ни е познат како вечна инспирација за декорација на новогодишните честитки, постои уште и радиоактивен мраз, авекциски мраз и иње.

2. Две идентични снегулки од 1988 година. Снегулките се феномен кој секогаш се појавуваат во различни форми и големини и никогаш нема да фатите две исти. Меѓутоа, научничката Ненси Најт успеала да најде два целосно идентични кристала по силна олуја во Висконсин во 1988 година.

3. Снегулките не се бели. Зошто е тоа така? Зошто единствена боја која ни е во мислите кога ќе се спомне снегулка е белата? Многуте страни на овој мини кристал предизвикуваат дифузен одраз на целиот светлосен спектар па на нас ни се чини дека снегулките имаат бела боја.

4. Првата фотографија. Благодарение на фармерот Вилсон Бентли ние денес ги цртаме снегулките токму во формата во која тие навистина се манифестираат. Тој успеал да го продолжи „животниот век” на таа снегулка, која благодарение на неговата брзина денес се уште „живее” и станува вистинска инспирација за зимскиот декор.

5. Еден септилион снегулки. Дали некогаш сте размислувале колку снегулки би биле потребни да паднат за да се направи Снешко Белчо? Во Америка годишно паѓаат еден септилион кристали од небото. Број со навистина многу нули, дури 24!

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет