Луѓето во следните 100 години треба да претрпат генетски модификации за дам ожат да опстанат, прогнозира професорот Хуан Енрикез, соработник во Центарот за меѓународни истражувања на Универзитетот Харвард.
Според него, луѓето може да се спаси од различни опасности ако ја напуштат Земјата, но за да можат да живеат на друга планета, мора нивните органи да се променат генетски, клетките да можат да издржат поголема радијација, и лесно да се справуваат со смртоносни вируси и елементи. Белите дробови ќе треба да развијат можност да извлекуваат повеќе кислород во нискокислородни средини.
Освен тоа, човечкиот геном треба да се исчисти од наследни болести, смета експертот. Таквите промени веројатно ќе доведат до создавање суперчовек, но тоа е ризик што човештвото треба да го преземе ако сака да опстане, вели професорот Енрикез.
Опасноста може да дојде од секаде, вели научникот. Во историјата на Земјата има пет масовни изумирања на видовите. Научниците веќе тврдат дека човештвото ќе доживее голема трагедија во иднина. Моќен вулкан, огромен астероид или необична сончева активност може да ги збрише луѓето за миг, предупредува специјалистот.