Русија го пушти во употреба гасоводот кој ќе пренесува руски гас до Крим.
Рускиот претседател Владимир Путин активирањето на гасоводот го оцени како чекор за зајакнување на економскиот раст на полуостровот, што е анексиран од Москва во 2014 година.
- Ова е уште една многу важна одлука за развојот на Крим во долгорочна перспектива - нагласи Путин.
Москва исто така, гради мост за автомобили и железничка линија што ќе го поврзуваат полуостровот со копното на Русија.