mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Повеќе од 70 илјади жители на Норвешка останаа без струја поради циклон

Повеќе од 70 илјади жители на Норвешка останаа без струја поради циклон

Типографија

Циклонот Урд, кој го погоди крајбрежјето на неколку скандинавски земји остави без струја над 70 илјади лица во Норвешка.

Циклонот најмногу ги погоди јужните и западните области на Норвешка, пред се Ходалан и Согн ог Флоране, но проблеми со снабдувањето со струја имаше и во Осло. Засега нема податоци за настрадани лица. 

Циклонот достигна сила на ураган. Долж западното крајбрежје на Норвешка просечната брзина на ветрот беше 32 метри во секунда, а на одредени места тој достигна и до 45 метри во секунда. Според метеоролозите јачината на ветрот се намалува.

Во Норвешка и Данска делумно е обновено движењето на фериботите. Затворени се сите летови на домашни релации на западното крајбрежје во Норвешка, а на најголемите аеродроми во земјата има доцнење на летовите.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет