mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Европа ќе биде потопла од вообичаено оваа зима

Европа ќе биде потопла од вообичаено оваа зима

Типографија

Температури над просечните за зимскиот период од годината се очекуваат во најголемиот дел од европскиот континент во првите три месеци од 2017 година, соопшти Weather Company.

Од компанијата додале дека исто како и октомври и ноември, и во декември најстудени региони биле Источна Европа и западните делови на Русија, додека Западна Европа имала умерени температури.

Во првата четвртина од следната година се очекува Скандинавија да има најголемо затоплување во однос на нејзиниот просек.

  • Очекуваме студените струи од Скандинавија да се повлечат кон североисточните делови на Атлантски Океан, што може да предизвика студеното време да се спушти до јужните делови на Европа, барем на почетокот од јаниари - изјавил Тод Крафорд, главен метеоролог во компанијата.

Тој додал дека има шанси за студено време да ја зафати Западна Европа кон крајот на зимата. Компанијата прогнозира дека на Британските острови и на северот на Европа времето ќе биде потопло од вообичаено во јануари и во март, а постудено во февруари.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет