mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Обама трајно забрани вадење нафта и плин од северните води

Обама трајно забрани вадење нафта и плин од северните води

Типографија

Американскиот претседател во заминување Барак Обама трајно забрани вадење нафта и плин во „големи количини“ од северните води кои се во сопственост на САД.

Обама изјави дека станува збор за регионите на Арктикот и Атлантскиот Океан. 

На овој чекор се гледа како на обид за заштита на регионот пред заминувањето на Обама во јануари. 

Приврзаниците на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп тешко можат да ја променат одлуката. Канада исто така за залага за слични мерки за нејзините води на Арктикот. 

Белата куќа соопшти дека одлуката е силна и одржлива за економијата и екосистемот. 

Како некои од причините за забраната се наведуваат културните потреби и грижата за дивите животни. 

Но, додека Канада најави дека ќе го преиспита нејзинот потег, Белата куќа тврди дека Обама цврсто стои зад својата одлука.

Одлуката се потпира на законот, кој му дозволува на американскиот претседател да даде забрана за трошење на ресурсите на неодредено време. 

За време на предизборната кампања Доналд Трамп истакна дека ќе ги искористи постоечките американски резерви на нафта, што предизвика загриженост кај групите за заштита на околината. 

Американскиот институт за нафта соопшти дека не постои трајна забрана и дека се надева оти администрацијата на Трамп едноставно ќе ја поништи одлуката. 

Забраната претставува голем поттик за зачувување на „кревките“ води на Арктикот и повик на акција против климатските промени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет