Активисти на Гринпис во Париз го блокираа пристапот до седиштето на француското претпријатие за електрична енергија ЕДФ во знак на протест против нуклеарните активности на компанијата.
Околу 30 активисти на еколошката организација пред зградата во близина на Шанзелизе развиорија транспарент со слика на извршниот директор на ЕДФ, Жан-Бернар Леви.
Други, пак, седнаа на влезот на зградата со нивните раце поврзани преку големи нафтени буриња кои се насликани со жолта боја и на кои има налепници со предупредување „радиоактивно“.
ЕДФ соопшти дека ќе поднесе жалба против Гринпис за акцијата пред седиштето, која ја опиша како „насилна агресија“. Полицијата пак уапси десетина активисти.
ЕДФ е најголемиот оператор со нуклеарна енергија во светот. Таа управува со 58 француски реактори кои обезбедуваат повеќе од 75 отсто од електричната енергија во земјата.