mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Пекинг ја разгледува можноста за затворање на објекти за складирање на јаглен

Пекинг ја разгледува можноста за затворање на објекти за складирање на јаглен

Типографија

Заштитниците на животната средина во Пекинг ја разгледуваат можноста за забрана на употребата на камиони за транспорт на јаглен и затворање на објекти за складирање на јаглен во Тијанџин, едно од најпрометните пристаништа на Кина.

Ова ќе биде драстична мерка за справување со смогот, велат од агенцијата за заштита на животната средина. Од таму не даваат проценка за тоа кога може да се донесе одлука за овој потег.

Ако се имплементира оваа мерка, ќе биде најновата во серијата на екстремни чекори преземени од страна на Владата на главниот град за да се намали загадувањето на воздухот.

Областа околу главниот град и нејзиниот сосед Тијанџин во провинцијата Хебеј е најзагадена и покрај напорите за контрола на сообраќајот и затворањето на термоелектраните и челичарници.

Тијанџин пристаништето во Кина е второ по големина и е клучниот центар за тргување со 100 милиони тони годишно на јаглен.

Предлогот може да предизвика загуба од 58 милиони евра за градот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет