Научници соопштија дека радијација од јапонската нуклеарна централа Фукушима е откриена на обалата на американската држава Орегон.
Примероци од морската вода од заливот Тиламок и од околината на градот Голд Бич покажуваат зрачење од нуклеарна катастрофа, но на ниво кое е многу ниско и не е штетно залуѓето и околината.
Океанографскиот институт „Вудс Хол“ наведува дека примероците од водата се земени минатата зима и покасно се анализирани.
Голема количина контаминирана вода е пуштена во океанот по нуклеарната катастрофа во Фукушима после разорниот земјотрес и цунамито во март 2011 година.
Хемичар од Океанографскиот институт ги испитува примероците од морска вода за да го следи патувањето на радијацијата низ Тихи океан.