Француската влада поради загадување на воздухот во Париз и во останатите градови донесе план за справување кој вклучува и финансиски надомест за оние што ќе одлучат да купат електрични возила.
Министерката за животна средина Сеголен Роајал вели дека фирмите што своите дизел возилаќе ги заменат со електрични ќе добијат бонус од 10 илјади евра, а таа мерка од минатата година важи и за приватните купувачи.
Таа додава дека ќе се заложи електричните возила да бидат ослободени од плаќање патарина на патиштата. Исто така, бонус од илјада евра ќе се дава и на оние кои своите скутери ќе ги заменат со електрични.