Две кинески компании планираат да изградат соларна централа во едно од најопасните места во светот - заштитната зона околу поранешниот нуклеарен реактор во Чернобил.
Радијацијата од нуклеарната катастрофа што се случи во 1986 година се уште се регистрира во зоната, но со различен интензитет во различните делови, поради што владата на земјата го повикува населението да се раселува, а земјоделството да се обновува во местата за кои е утврдено дека се безбедни. Но Украина планира повторно да произведува енергија на ова место, но на многу побезбеден начин.
Заштитната зона што советските власти ја воспоставија во 1986 година е огромна, се протега на околу 2.600 квадратни километри во регионите Киев и Житомир (тоа е колку една десетина од територијата на Македонија).
Двете компании, ЦГЛ-СИ и државната ЦЦЕЦ најавиле дека ќе градат соларна централа со капацитет од еден гигават во оваа зона, без да прецизираат во кој нејзин реон. Инженери на компаниите веќе ги испитувале локациите и според најавите, овој енергетски капацитет ќе се гради на место каде што радијацијата е под контрола.
- Од овој проект може да има голема економска и социјална корист, бидејќи се обидуваме да го ревитализираме регионот со зелена и обновлива енергија - рекол Шу Хуа, претседателот на ЦГЛ-СИ.