mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Поставена нова заштитна купола во Чернобил

Поставена нова заштитна купола во Чернобил

Типографија

Над оштетениот реактор во Чернобил е поставена нова купола која ќе штити од надворешни влијанија и ќе ја спречува радијацијата во наредните 100 години.

Металната конструкција во форма на лак е тешка 25 илјади тони, односно 36 илјади тони со опремата, висока е 108 метри и долга 162 метри.

  • Поставувањето на оваа конструкција е клучна етапа во меѓународната програма која треба Чернобил да го направи сигурен и без опасности - соопштуваат од двете француски компании кои го реализираа проектот вреден две милијарди евра.

Новата купола ќе биде во употреба откако ќе и биде поставена неопходната опрема, односно од крајот на 2017 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет