На социјалните мрежи се појавија голем број фотографии од желатинески суштества кои допловаа до брегот на Калифорнија и покренаа голем број расправи меѓу корисниците.
Станува збор за повеќе од илјада суштества кои ја преплавија плажата Ханингтон, заглавувајќи се во песок и предизвикувајќи општо чудење кај посетителите.
Минувачите погодуваа дали станува збор за медузи, икри од риба, морски краставици или салпами - безрбетни морски животни.
Набрзо се огласи и професорот по поморска биологија од Универзитетот на Калифорнија, Кистофер Лоу, кој изјави дека станува збор за еден вид на морски краставици.
Клод Пејнс, кој веќе 40 години работи како спасувач на плажата, изјави дека никогаш до сега не видел нешто слично и дека споменатата инвазија би можела да биде последица на феноментот „Ел Нињо“.