mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Стапи во сила Парискиот договор за климатските промени

Стапи во сила Парискиот договор за климатските промени

Типографија

Парискиот договор за климатските промени официјално стапи во сила.

Со него е извршен притисок врз околу 200 земји да почнат со исполнување на своите планови за намалување на штетните емисии на гасови.

Највисокиот претставник на ОН за климатски прашања, Патрисија Еспиноса го поздрави стапувањето во сила на договорот како потврда за борбата против глобалното затоплување.

  • Ова е момент за празнување. Но исто така и момент да се погледне напред со разумна оценка и со волја кон задачата која ни претстои - вели Еспиноса, генерален секретар на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени.

Договорот, кој е прифатен на конференција во Париз во декември минатата година, има за цел да го ограничи зголемувањето на просечната температура на Земјата под два степена Целзиусови во споредба со прединдустриската ера. Предвидено беше тој да стапи во сила, откако е ратифициран од 55 држави, на кои отпаѓа дел од 55 проценти од светските штетни емисии на гасови, услов кој беше исполнет.

Меѓу државите кои го ратификуваа договорот се и големите загадувачи САД, Кина, Индија, како и ЕУ.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет