mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Растенијата се навикнуваат на повеќе јаглерод диоксид

Растенијата се навикнуваат на повеќе јаглерод диоксид

Типографија

Новата студија на Универзитетот во Саутемптон покажала дека растенијата се приспособуваат на зголеменото присуство на јаглерод диоксидот во атмосферата.

Истражувањето фрла ново светло за влијанието на растечките нивоа на ЦО2 врз светската безбедност во снабдувањето со храна и врз заштитата на природата.

Главниот автор, професорот Гејл Тејлор од одделот за биолошки науки на Универзитетот во Саутемптон вели дека нивото на јаглерод диоксид во воздухот се зголемува со уште поголема брзина отколку во 2000-тите или во 1990-тите години, и достигнал рекордни нивоа во 2013 година.

  • Од една страна, повеќе ЦО2 е добро за растенијата, барем на краток рок, бидејќи ја поттикнува фотосинтезата и нивниот раст, што значи и растот на земјоделските култури и производството на храна. И навистина, во последниве години е забележано дека планетата станува позелена, зашто растот на вегетацијата е поттикнат од зголеменото ниво на ЦО2 - вели Тејлор.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет