Силен земјотрес со интензитет од 6,6 степени по Рихтеровата скала ја погоди централна и јужна Италија, само една недела по потреси кои оставија без покрив илјадници луѓе.
Епицентарот бил меѓу Норча каде има околу пет илјади жители и Пречи со 752 жители, во провинцијата Перуџа во областа Умбрија.
Има големи материјални штети, но засега нема информации за жртви. Двете општини беа во епицентарот на земјотресот од средата на 26 октомври.