Лидерите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) заедно со претставниците на Русија и на други држави производители на енергенсот, не постигнаа договор за намалување на дневното производство на „црното злато“, чија цел е зголемување на неговата цена на светските берзи.
По завршувањето на состанокот, азербејџанскиот министер за енергија Натик Алиев изјавил дека на заседанието било договорено на 25 и 26 ноември да се одржи средба на експертската група за преговори за намалување на производството на нафта.
- Резултаите се охрабрувачки - изјавил Алиев, додавајќи дека било договорено да се одржуваат редовни состаноци во зависност од движењета и промените на нафтениот пазар.
На средбата е разговарано за планот за сведување на дневното производство на нафта на ниво од 32,5 до 33 милиони барали, но не беше постигнат конечен договор поради противење на некои од државите производители на енегренсот.
Уште пред почетокот на средбата во Виена, Иран најави дека нема да го намали своето производство на нафта, во обид да се справи со последиците од неколкугодишното нафтено ембраго, кое му беше укинато во јануари годинава по договорот за иранската нуклеарна програма.
Ирак, исто така, соопшти дека нема да се согласи на намалување на нафтеното производство, правдајќи ја ваквата своја одлука со фактот дела земјата „води војна против џихадистичката група Исламска држава (ИД)“.
Казахстанскиот министер за енергија Магзум Мирзагаливе изјавил дека ниту Казахстан не е подготвен да се приклучи кон евентуален договор за намалување на производството на нафта.
Генералниот секретар на ОПЕК, Мохамед Баркиндо оценува дека обидите за ребалансирање на производството на нафта траат веќе премногу долго и дека земјите производители повеќе „не можат да го прифатат ризикот и натаму да се занимаваат со минимални корекции“.
Претставниците на руската делегација пред почетокот на средбата одбија да дадат каков било коментар, но аналитичарите проценуваа дека Москва нејверојатно ќе се согласи на намалување на дневното производството на нафта, имајќи предвид дека неодамна тоа го најави и претседателот на Русија, Владимир Путин.
Приклучувањето на Русија кон евентуалната одлука на ОПЕК за намалување на експлоатацијата на нафта, е од клучно значаење, од причина што земјата е најголем светски производител на енергенсот по Саудиска Арабија, која веќе почна да ги чувствува последиците од ниската цена на „црното злато“.