mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Баржа ја чисти канализацијата на Париз

Баржа ја чисти канализацијата на Париз

Типографија

Баржа тешка повеќе од седум тони е во подземната канализациона мрежа на Париз за да го реализира редовното чистење.

Баржата е долга 10 метри и широка 2,10 метри во операцијата обично чисти околу шест илјади кубни метри отпад секоја година. Баржата со која управуваат луѓе го чисти блатото и песокот кои се таложат со текот на времетои ја блокираат огромната подземна одводна мрежа развиена во 19 век.

  • Физички тоа е многу тешка работа, доле тешко се дише затоа што е многу топло и има голема смрдеа. Работата е и доста опасна затоа што водата може многу брзо и неочекувано да се подигне  и да ги погоди лужето - вели еден од градските чистачи.

Баржата во подземјето функционира како мобилна брана низ која се испушта водата и се прочистува, вели градскиот инженер Патрик Делфос, задолжен за таа операција. Ако тоа не се прави, додава Делфос, тогаш може да се прелие во Сена.

Париската канализациона мрежа е вистински град под град, тоа е лавиринт од околу две илјади километри со околу 30 илјади отвори.

Нацртот за сегашната мрежа го дал инженерот Ежен Белгран во 1850 година.

Туристите може да го посетат подземјето на Париз во организирани тури.

Главниот инженер Делфос вели дека сега можеби се материјалите модернизирани, но дека принципот на работа е ист како во времето на Белгран.

Париз има флота од десетина бродови кои редовно работат под земја, а се вадат на површина само повремено за чистење и ремонт. Помалите цевки се чистат со помали вагони.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет