Истражувачите на последиците од климатските промени користат минијатурни роботи за да испитаат како климатските промени влијаат врз живиот свет во морињата.
Робот-школките, како што се нарекуваат, ги развил Брајан Хелмут од Североисточниот унверзитет во САД. Тие имаат иста форма и големина како обични школки и се ставаат меѓу нив, за да ја мерат температурата во нивните живеалишта, како и телесната температура. Овој метод се користи веќе 18 години и со него е создадена обемна база на податоци што ќе биде од голема корист за научните истражувања.
Со овој метод исто така може да се откриваат т.н. „жешки точки“, каде што би било потребно да се преземат посебни мерки за да се заштити биодиверзитетот.
- Изгледаат исто како школки, само што имаат мали зелени трепкачки светла во нив. Се вади по една школка од колонијата и се става роботот наместо неа. Тие ни овозможуваат да имаме увид во физиолошките ефекти од глобалното затоплување врз овие животни, кои се исклучително важни за екологијата - вели Хелмут.