mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Енергија од вештачка фотосинтеза

Енергија од вештачка фотосинтеза

Типографија

Научници предводени од д-р Џени Жанг, научен сорабтник на колеџот Сент Џон во Кембриџ, Англија, откриле нови карактеристики на фотосистемот 2.

Тоа е ензим што е клучен за процесот на фотосинтеза кај растенијата, но истовремено е многу користен во потрагата на нови начини за производство на обновливо гориво.

Истражувачкиот тим открил неочекувана пречка што ја намалувала ефикасноста на фотосинтезата. Тоа понатаму ќе се користи за да се развие модел на вештачка фотосинтеза, со која ќе се имитира природниот процес, со цел да се претвори сончевата светлина во хемиска енергија.

Студијата ја води тим од Универзитетот на Кембриџ продолжува да ги истражува карактеристиките на фотосистемот 2, ензимот што ја почнува фотосинтезата кај растенијата така што ги извлекува електроните од водата, со помош на сончевата светлина. Фотосинтезата е процесот со кој растенијата го претвораат јаглерод-диоксидот во кислорот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет