mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Нова технологија за откривање на изворите на загадување на водата

Нова технологија за откривање на изворите на загадување на водата

Типографија

Кога институциите задолжени за контрола на квалитетот на водата ќе затворат некоја плажа, колку се веродостојни тестовите врз кои ја засноваат својата одлука? Утврдено е дека тие тестови, како и нивниот квалитет, не се сменети со децени.

Со новите истражувања што ги спроведува лабораторијата Бекерли во САД се развиваат многу прецизни методи засновани на ДНК, со кои може да се откиваат изворите на микробиолошкото загадување на водата. Тие користат филочип, направа со големина на кредитна картичка, со која може да се откријат повеќе од 60.000 различни видови бактерии. Овој метод се потврдил како поефикасен од постојните за проценување на здравствените ризици од капењето во некоја вода.

Научниците извршиле истражувања во коритото на Руска Река во Северна Калифорнија, каде што утврдиле дека со нивниот метод се откриваат потенцијални ризици за човековото здравје што не може да се откријат со вообичаените методи. Но од друга страна, се увидело дека понекогаш стандардната технологија покажувала дека водата е загадена, иако таа воопшто не била ризична за здравјето на луѓето.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет