Пчелите, пеперутките и другите инсекти играат клучна улога во поддршката на здрав екосистем. Поради тоа треба да се избегнува третирање на тревниците со хербициди и со пестициди, порачуваат еколозите.
Тие се загрижени поради опаѓањето на популациите на инсектите-опрашувачи. Загриженоста доаѓа од тоа какви се последици може да предизвика нивното изумирање, бидејќи без нив ниту растенијата нема да можат да се размножуваат.
Ако тревите не се запрашуваат со хербициди и со пестициди тогаш на нив ќе растат „спонтани“ цвеќиња како што се детелината и глуварчињата, кои нудат нектар и полен за пчелите и за другите опрашувачи. Ова е утврдено со новата студија од урбани еколози на Универзитетот на Масачусетс Амхерст.
Околу 50 отсто од тревниците во урбаните и во приградските населби во САД се со тревници кои се третираат со хербициди и пестициди. Сузана Лерман и Џон Милам, истражувачи во областа на заштитата на животната средина пишуваат за практики како да се поддржи гнездењето и хранењето на пчелите и тие да се заштитат во населените места.