mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Дел од Виена ќе се затоплува од вафли

Дел од Виена ќе се затоплува од вафли

Типографија

Фабриката за производство на вафли Манер од Виена пушти во употреба систем со кој вишокот топлина што се создава при печењето ќе се пренесува до домаќинствата со помош на дел од мрежата за централно греење во градот.

На овој начин околу 600 домаќинства и фирми ќе имаат пристап до топлинска енергија и топла вода за своите простории. Соработката меѓу фабриката Манер и општинската топлификација во квартот Херналс е пример за иновативни енергетски решенија. Со „затоплувањето на вафли“ се очекува за 1.000 тони годишно да се намали емисијата на јаглерод диоксид во градот. Тоа е еднакво на емисиите од 240 семејни куќи, пресметале локалните власти на Виена.

Вкупната инвестиција на Манер за модернизација на фабриката во Виена изнесува 40 милиони евра. Со неа се зголемува површината на погонот за една третина, се зголемува производството на вафли, а користењето на енергијата е поефикасно. Од самиот производствен комплекс, поради новите еколошки решенија, минатата година биле испуштени 34 тони помалку јаглерод диоксид од претходно.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет